21 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Истанбул започна Советот на министрите за култура на ЈИЕ

Во Истанбул започна Советот на министрите за култура на ЈИЕ

istanbul

Во турскиот мегалополис Истанбул во средата започна состанокот на Советот на министрите за култура на Југоисточна Европа на кој учествуваат претставници од 12 земји членки на Советот, на кој учествува и министерката за култура на Македонија, Елизабета Канчевска Милевска.

Тема на седницата на Советот на министри, која ќе се одржи утре и чиј домаќин е министерот за култура и туризам на Република Турција, Махир Унал, е „Заштитата на културното наследство во регионот на Југоисточна Европа и негово одржливо управување: Предностите, тешкотиите и можностите во регионална соработка од областа на културата “.

На седницата ќе учествуваат министерката за култура на Македонија, Елизабета Канчевска Милевска, министерката за култура на Албанија, Мирела Кумбаро Фурхѕи, бугарскиот министер за култура, Вежди Рахидов, министерот за внатрешни раноти на БИХ, Адил Османовиќ, Министерот за култура и спорт на Грција, Аристеидис Николаус Димитриос Балтас, црногосркиот министер за култура Павле Горановиќ и помошникот на генералниот директор за култура на УНЕСКО, Франческо Бандарин. На крајот на седницата, која ќе се одржи зад затворени врати, се очекува објавување на декларација.

Советот на министри на културата на земјите од Југоисточна Европа е форум кој е основан во 2005 г. со цел воспоставување културна размена и дијалог и зајакнување на соработката на културен план меѓу земјите-членки од регионот во кои спаѓаат Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Романија, Молдавија, Грција и Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП