По две и пол годишно забавување, новата американска банкнота со номинална вредност од 100 долари влезе во оптек на 8-ми октомври 2015-та година.
Банкнотата сепак се здоби со сериозен противник во лицето на поранешниот министер за финансии на САД – Лери Самерс кој прогласи запирање на нејзиното печатење. Во отвореното писмо објавено во весникот „Washington Post“, Самерс се повикува на истражувања кои покажуваат дека печатењето на банкноти со голема номинална вредност го фаворизира криминалот и ја стимулира корупцијата.
„Мораториумот на печатење на банкноти со висока номинална вредност ќе го направи светот подобро место. Особено со полна сила важи тоа за банкнотите со номинална вредност од 500 евра, која речиси шест пати повеќе вреди од оваа со номинална вредност од 100 долари“, пишува Самерс.
Всушност првите чекори за исчезнувањето на банкнотата од 500 евра веќе се направени. Изјавата на претседателот на Европската централна банка Марио Драги од вторникот сигнализираше дека најголемата европска банкнота може да биде запрена од промет поради многуте злоупотреби со неа. Според јавното мислење банкнотите со големи деноминации се користат за криминални цели.
Затоа ЕЦБ размислува активности во таа насока. Според високи извори во европските финансиски институции банкнотата од 500 евра го олеснува перењето пари поради можноста да биде пренесувна незабележано. Значи дефинитивно и банкнотата од 100 долари може да е следната која ќе исчезне.
Еве десет факти поврзани со неа, кои можеби не ви се познати:
1. Банкнотата со номинална вредност од 100 долари е најголемата печатена во САД во моментов.
2. Првата таква банкнота е отпечатена во 1914-та година со портретот на Бенџамин Френклин.
3. За првпат цитатот „In God We Trust“ е вклучен во банкнотата во 1966-та година.
4. Обновената банкнота од 100 долари е пуштена во оптек во 2013-та година, по две и пол годишно задоцнување. Меѓу иновациите е микропечат. А некои објекти насликани на банкнотата, ја менуваат бојата при навалување.
5. Дизајнот на банкнотата е изменета само четири пати во нејзината историја.
6. Просечната 100 доларска банкнота е со времетраење на живот од 15 години, кој е најдолгиот меѓу сите американски банкноти.
7. Потрошувачката за производство на една банкнота е едвај 14,3 центи.
8. 100 доларската банкнота е најчесто фалсификувана во САД.
9. Во 1996-та година дизајнот на банкнотата е променет, па ликот на Бенџамин Френклин не е во нејзиниот центар.
10. Лентата на новата банкнота е вплетена во неа, а не е залепена. Последните 100 долари имаат исто така уште една заштитна 3D сина лента и дополнителни водени жигови.