8 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРА„До Балчак“ на фестивали ширум Европа

„До Балчак“ на фестивали ширум Европа

Do-Balcak3333

„До Балчак“, најновото филмско остварување на еминентниот режисер Столе Попов, успешно го продолжува својот фестивалски живот ширум Европа.

На 13 февруари со почеток во 20.00 часот филмот имаше проекција на овогодинешното издание на Balkan New Film Festival, фестивал посветен на исклучителните и најнови остварувања од различни автори од Балканот којшто се одржа во период од 12-16 февруари во десет градови ширум Шведска и Норвешка.

Амбасадорката на Р. Македонија, Александра Н. Ружин, ја имаше честа да ја најави проекцијата на „До Балчак“ пред присутната публика со особен осврт кон многубројните достигнувања од богатата кариера на режисерот Столе Попов како и заложбите кои Владата на Република Македонија, Министерството за култура на Р. Македонија и Агенцијата за филм на РМ ги вложуваат  за унапредување на развојот на филмската дејност, промоцијата на земјата како локација за снимање како и новите поволни услови наменети за странските продуценти. Како што истакнува Амбасадорката Ружин, проекцијата на филмот поминала во одлична атмосфера, а гостите покажале особен интерес за системот на бенефиции во Р. Македонија и досегашните постигнати успеси на македонската кинематографија.

Во март, филмот е предвидено да земе учество и на други европски фестивали. На 5 март „До Балчак“ ќе биде прикажан во рамки на 10. Balkan Days („Денови на Балканот“),  што се одржува во период од 26.02-12.03.2016г. во Минхен, Германија. Освен богатата филмска програма составена од најуспешните проекти од Балканот, гостите на фестивалот ќе имаат можност да уживат во богат избор на концерти, изложби, музика, театар и слично.

Филмот ќе има и своја проекција во склоп на Фокусот на македонски филм, организиран во рамки на престижниот Меѓународен филмски фестивал „Febiofest“, што ќе се одржи од 17-25 март,  2016г. во Прага, Чешка. На фестивалот како почесни гости ќе присуствуваат режисерот Столе Попов придружуван од директорката на Агенција на филм на РМ, Мими Ѓоргоска Илиевска. Во негова чест освен неговото најново остварување воедно ќе бидат прикажани и филмовите „Тетовирање“ и „Џипси Меџик“ како и две најнови долгометражни остварувања од македонската филмска продукција: дебитантскиот филм „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски и веќе успешниот филм „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП