18 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Мал формат“ во ЦК „Марко Цепенков“

Изложба „Мал формат“ во ЦК „Марко Цепенков“

mal-format

Изложбата „Мал формат“, на која ќе бидат презентирани дела кои се творечки предизвик на македонските уметници, ќе биде отворена денес во 19 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“.

На изложбата, која е во соработка со ДЛУМ, се одѕиваат  стотина автори ( сликари, скулптори, графичари, автори со алтернативен уметнички дискурс (видео, инсталација, перформанс и сл.)  Нивната бројност налага селективен одбир, при што на Изложбата се допуштаат 50-70 автори односно дела.

На изложбата  „Македонско ликовно творештво во мал формат“ од самиот почеток на нејзиното етаблирање се доделуваат неколку награди кои ги носат имињата на наши заслужни автори, членови на нашата асоцијација, како што се наградата за сликарство „ Димитар Пандилов“, за графика  „Драгутин Аврамовски Гуте“ и за скулптура, т.е. ситна пластика се доделува наградата „Димо Тодоровски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП