19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлезе од печат книгата „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски

Излезе од печат книгата „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски

ivo-petrovski---kniga

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје, деновиве ја објави книгата раскази „Шеесет приказни општо за животот“ од Иво Петровски.

Ова е втора книга на овој млад надарен прозаист и автор на сценарија за кратки филмови. Книгата е проследена со краток поговор од Звонко Танески во кој тој, покрај другото, истакнува дека Патровски ги слика малите луѓе и низ својата постапка постигнува актуелна сатира.

“Стилот на раскажување“, продолжува Танески, „е уметнички вешт, речиси до крај непредвидлив, и доведува до т.н. „внатрешно отрезнување или разобличување“ на поединецот. Мошне често и имињата на главните јунаци се предадени во деминутивна форма, а и просторот на нивно маневрирање е многу пати фиктивно врамен што сведочи за тоа дека оваа проза е во таа смисла и надвременска и може да претставува слатко четиво за книжевни сладокусци…“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП