15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на Волстрит паѓаат петти ден по ред

Цените на акциите на Волстрит паѓаат петти ден по ред

Wall-Street1

Цените на акциите на Волстрит вчера падна петти ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, бидејќи слабоста на светската економија би можела и натаму да ги притиска каматмите стапки.

Така Dow Jones потона 1,6 отсто на 15.660 бодови, додека S&P 500 падна 1,23 отсто на 1.829 поени, додека Nasdaq 0,39 отсто на 4.266 бодови.

Падот на Dow Jones и S&P 500 индексите петти ден по ред најмногу е последица на остриот пад на акциите во банкарскиот сектор, меѓу другото, акцијата на JPMorgan поевтини 4,4 отсто, а на Bank of America 6,8 отсто.

Од почетокот на годината овој сектор потона 18 отсто, најмногу од сите десет сектори на S&P индексот, па нурна на најниското ниво од октомври 2013 година, бидејќи инвеститорите се загрижени во врска со профитабилноста на банките, со оглед на слабеењето на глобалната економија и рекордно ниските каматни стапки.

Аналитичарите истакнуваат дека водењето на негативни камати на депозитите станува дел од проблемот, а не на решението.

„Инвеститорите се плашат од ризикот на глобална рецесија. Засолниште за капиталот бараат во државните обврзници и златото, што укажува на капитулација на инвеститорите во акции“, рече Џим Полсен, директорот во фондот Wells Capital Management.

Цената на златото скокна 4,1 отсто, што е нејзин најголем дневен скок од крајот на 2013 година, додека приносите на десетгодишната американска обврзница падна на најниското ниво во три години.

Инвеститорите не ги охрабри ниту претседателот на американската централна банка Џенет Јелен, која на вториот ден во обраќањето во Конгресот сигнализираше дека Фед би можел да го забави темпото на зголемување на каматните стапки заради влошување на финансиските услови и несигурноста во врска со забавувањето на растот на кинеската економија.

Кога во декември Фед првпат од 2006 година ги зголеми каматите, сигнализираше дека ова година цената на парите би можела да се покачи уште во четири наврати.

Заради забавување на растот на американската економија, ниската инфлација и превирањата на финансиските пазари, аналитичарите веруваат дека Фед ќе се откаже од првичните планови.

Во прилог на тоа оди и што финансиските пазари се под притисок од падот на цените на нафтата, слабоста на кинеската и другите економии во развој, валутната војна, слабоста на банките и неефикасноста на монетарната политика.

„Политиките на централните банки и несигурноста во врска со нивната ефикасност стануваат причина за загриженост. Постојат големи разлики меѓу она што Фед би можел да го направи, што порачува и што пазарите очекуваат. А тоа предизвикува несигурност“ рече директорот на BNY Mellon Wealth Management, Лео Гроховски.

S&P 500 индексот нурна во четврток во еден момент на најниското ниво во две години, но пред самиот крај на тргувањето успеа да ги ублажи загубите, благодарејќи на закрепнувањето на енергетскиот сектор.

Цените на нафтата донекаде закрепнаа по претходниот пад благодарејќи на надежта на инвеститорите дека Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) би можела да постигне договор за намалување на производството.

Така S&P индексот во енергетскиот сектор во четврток заврши со загуба од само 0,4 отсто, додека во текот на денот беше во минус и три отсто.

И цените на акциите на европските берзи во четврток остро падна.

Лондонски FTSE индексот се лизна 2,39 отсто на 5.536 бодови, додека франкфуртски DAX потона 2,93 отсто на 8.752 бодови. Индексот CAC на париската берза потона 4,05 отсто, на 3.896 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП