23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОсум театри опремени со современа опрема

Осум театри опремени со современа опрема

kan teatri 333

Осум театри во Македонија се опремени со нова и современа сценска, светлосна и тонска опрема, за кој беа издвоени 17,6 милиони денари.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција информираше дека со квалитетна и софистицирана опрема од најреномираните светски брендови целосно опремени се: Драмскиот театар, Театарот за деца и младинци, Народниот театар Битола, како и театрите кои работат во состав на центрите за култура во Прилеп, Куманово, Штип, Струмица и во Охрид.

Со овој проект се набавени разни типови светлосна опрема (рефлектори, ламби, пултови, филтри и друга помошна светлосна опрема), тонска опрема (звучници, засилувачи на звук, аудиомиксери, микрофони), сценска опрема како завеси, практикабли и видеоопрема, пред се, видеобимови.

Реализацијата на проектот произлезе од анализата која Министерството за култура ја направи во соработка со институциите, по која се увиде дека постојната опрема на театрите е навистина дотраена и постои неопходност од нејзина замена.

Со овој проект не беа опфатени театрите за кои се градат нови објекти, како што се Албанскиот, Турскиот, Струмичкиот и Тетовскиот театар, додека, пак, МНТ и велешкиот театар веќе имаат подобра и поквалитетна опрема од повеќето реномирани театарски куќи во регионот и пошироко.

„Сценската технологија е срцето на театарот и во таа смисла верувам дека со оваа опрема ќе се унапреди работата на театрите во нашата држава и нивното целокупно функционирање во техничко-технолошка смисла“, рече Канческа-Милевска.

Македонската публика ќе има можност да проследи значајни театарски остварувања на етаблирани режисерски имиња од нашата земја, но и на врвни автори од странство, кои ќе внесат свежина во репертоарот на националните театри во Република Македонија.

Во изминатиот период беа реализирани и неколку други клучни инвестиции во драмската дејност, како што се обновата на центрите за култура во чии рамки функционира театар, се реализираа вработувања на актери, режисери и драматурзи, а годинава е зголемен буџетот за драмската дејност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП