12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБитолскиот театар поздравен со силен аплауз во Санкт Петерcбург

Битолскиот театар поздравен со силен аплауз во Санкт Петерcбург

dostoevski teatar 353000

Со силен аплауз и овации беше поздравен настапот на Народниот театар од Битола кој во неделата вечерта во театарот „Достоевски“ во Санкт Петесрбург во Руската Федерација ја изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски.

Претставата, која е прво режисерско остварување на Цветановски во битолскиот Театар, беше прикажана во преполната сала на реномираниот руски театар, а актерите во оваа камерна дуо-драма, Соња Михајлова и Маријан Ѓоргиевски, неколкупати беа вратени на бис.

Претставата „Последната ноќ“, која претставува семејна психолошка драма, беше проследена и од голем број актери и членови на еден од најетаблираните театри во Руската Федерација, театарот „Вера Комерсажевскаја“, а меѓу присутните беше и рускиот режисер Александар Баргман кој годинава ќе режира претстава на сцената на битолскиот Театар.

Ова прво меѓународно гостување на Народниот театар од Битола во Руската Федерација во 2016 година се реализираше со поддршка од Министерството за култура, а до крајот на годинава се предвидени и гостувања во САД и во Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП