19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина италијанскиот режисер Еторе Скола

Почина италијанскиот режисер Еторе Скола

etore-skola

Прочуениот италијански режисер и сценарист Еторе Скола, повеќекратно номиниран за Оскар, почина во 84-та година, објавија во средата италијанските медиуми, наведувајќи дека починал во римска болница каде што бил примен во неделата поради проблеми со срцето.

Неговиот најпознат филм е „Еден необичен ден“ (Una giornata particolare), од 1977 година, во кој во периодот на фашистичка Италија го отслика односот на прогонетиот хомосексуален новинар (Марчело Мастројани) и сентименталната домаќинка (Софија Лорен). Филмот го доби Златниот глобус и беше номиниран Оскар. Номинација доби и Мастројани за најдобар актер.

Еторе Скола во својата кариера сними повеќе од 40 филмови, меѓу кои и „Грди, валкани, зли“, (Brutti, sporchi e cattivi, 1976), „Многу се сакавме“ (C’eravamo Танто Amati, 1974), „Бал“(Le bal, 1983)…

Покрај споменатите престижни американски награди, Скола за своето творештво беше постојан добитник на највисоките признанија на реномираните европски филмски фестивали, како во Венеција, Кан, Москва….

Особен однос Скола имаше со другиот легендарен италијански режисер, Федрико Фелини. Нему и му беше посветена последната работа на Скопла – полудокументарниот полуиграниот филм „Тоа чудно име Федерико!“ (Che strano chiamarsi Federico). Филмот беше подготвен за 20-годишнината од смртта на Фелини и прикажан во 2013 година на специјална проекција на Венецискиот фестивал.

Италијанскиот премиер Матео Ренци напиша дека смртта на Еторе Сколла оставила „голема празнина во италијанската култура“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП