Американскиот актер Леонардо Дикаприо одбил улоги во Ѕвездените војни и во уште неколку холивудски блокбастери, пишуваат американските медиуми.
Дикаприо ја одбил ролјата на Анакин Скајвокер во третата епизода од Ѕвездени војни „Одмаздата на Сит“, која беше снимена во 2005 година.
„Разговарав со Џорџ Лукас, но тогаш не се чувствував подготвен за тоа“, изјавил Дикаприо за магазинот ShortList.
Станува збор за интервју кое е старо неколку години, но сега повторно е објавено, поради медиумското внимание, во прв ред со рекордните заработки, што го предизвика новиот филм од серијалот „Силата се буди“.
Во истото интервју, Дикарпио откри дека ја одбил улогата на Робин во „Бетмен засекогаш“ во режија на Џоел Шумахер, како и главната ролја во првиот „Спајдермен“ на Сем Раими од 2002 година.
Неговото образложени секогаш било исто, односно „не бил подготвен за такви улоги“.
Скајвокер на крајот го играше тогаш релативно непознатиот Хајден Кристенсен, а улогата на Спајдермен му припадна на Тоби Магваер, пријател на Дикапри, додека Робин го играше Крис О’Донел.