На азиските берзи во понеделникот се тргува претпазливо, бидејќи на вложувачите им недостигаат насоки, имајќи предвид дека во петокот поради празниците не се работеше на најголемите светски берзи.
На токиската берза во претпладневното тргување, индексот Nikke беше во плус од 0,6 отсто, на околу 18.880 поени, а благо за околу 0,3 отсто пораснаа и цените на акциите во Сингапур. Берзанските индекси во Хонгконг, Шангај и Јужна Кореја, пак, паднаа меѓу 1.2 отсто, додека во Австралија е неработен ден. Така, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, во понеделникот претпладнето беше во минус од 9,4 отсто, па е на патот на загуба во оваа година од 11 отсто.
Најмногу пораснаа цените на акциите на берзата во Токио, и покрај лошите макроекономски показатели, кои покажуваат дека третата според обемот економија во светот е кревка. Јапонија во третиот квартал одвај ја избегнала рецесијата, но економијата, како што изгледа, не закрепнува позначително. Индустриското производство паднало во ноември за 1 отсто во однос на претходниот месец, што е послаб податок отколку штос е очекуваше. Потфрли во однос на очекувањата и податокот за прометот во трговијата на мало кој минатиот месец паднал за 1 процент на годишно ниво.
Откако од почетокот на минатата седмица цени те на нафтата на лондонскиот пазар паднаа на најниските нивоа во 11 години, до крајот на седмицата значително се поправија. Во понеделникот претпладнето, пак, се релативно стабилни.
На американскиот пазар цената на барелот се лизна за 0,6 отсто, на 37,85 долари, откако минатата седмица скокна за речиси 9 отсто. На лондонскиот пазар, пак, барелот поевтини за 0,4 отсто, на 37,75 долари, откако минатата седмица скокна за речиси 3 отсто.
Меѓутоа, аналитичарите не се сигурни дека цените на нафтата ќе се одржат на овие нивоа, бидејќи и онака слабата побарувачка поради забавувањето на растот на глобалната економија, би можела дополнително да ослаби поради топлата зима во многу делови од светот. А тоа значи помала побарувачка на гориво за греење.
И на валутните пазари од понеделникот утрото владее претпазливоста, па курсевите на најзначајните валути не осцилираат почувствително.
Курсот на американскиот долар во однос на јапонската валута порасна на 120,45 јени, откако во петокот во еден момент се лизна на 120,05 јени, што е најниското ниво во последните два месеца. Цената на еврото, пак, се движи околу 1,0970 долари, колку што изнесуваше и во петокот на затворање на пазарите.