18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМеѓународна изложба на фотографии “Фото-арт група Ф-7 и пријатели 2010-2015“

Меѓународна изложба на фотографии “Фото-арт група Ф-7 и пријатели 2010-2015“

foto-art

Денес, со почеток во 19.30 ч. во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена Меѓународна изложба на фотографии „Фото-арт група Ф-7 и пријатели 2010-2015“.

Изложбата содржи 48 фотографии работени во црно бела и колор техника.

„Една фотографија, илјада зборови. Фотографијата до темел може да го замени пишаниот збор. Распространета е насекаде, во сите пори на човековото битие. Таа е богатство што развеселува, растажува или пленува, таа е реалност, имагинација, суров различен свет поставен пред гледачот кој го гледа делото и го доживува на свој начин.

Изложбената поставка го носи епитетот на сериозни авторски остварувања преку авторските објективи. Претставува состав од млади автори и доајени од фотографската фела, што зборува за еден зрел проект, замислен целосно да го оправда своето претставување во Куманово, пред почитувачите кои ја сакаат фотографијата.

Изложбата „Фото Арт група Ф7 и пријателите“ сведочи за контактите на групата со останатиот фотографски свет на бројни изложби, колонии, средби, како и претставување на нивните пријатели пред кумановци, во изложбениот салон на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Се надеваме дека изложбата ќе го разубави културниот живот во градот и ќе поттикне создавање на некои нови креативни сили кои ќе продолжат да ја негуваат фотографијата во Куманово“, велат организаторите за изложбата.

Селектор на изложбата е Душан Доцевски, а ќе биде поставена до 20.01.2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП