17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПодготвен седмиот том од едицијата Голобордски фолклор

Подготвен седмиот том од едицијата Голобордски фолклор

golo 33

Понесени од желбата за зачување од заборав и пренесување на помладите генерации на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, од страна на авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку беше подготвен седмиот том од едицијата Голоборски Фоклор (7).

Трудот се отпечати како постхумно дело на корифејот на движењето за зачувување на македонската традиција во Албанија, Цветан Мазнику.

Тројцата автори се долгогодишни соработници во подготвувањето на трудови од областа на македонската етнологија, фолклор, традиција. Нивните дела ќе помогнат многу при пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации Македонци во Република Албанија.

Значаен момент кој треба да се потенцира е тој дека овие трудови се работат на волонтерска база, со многу ентузијазам, саможртва на авторите и нивните соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП