15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНовогодишни класични концерти за деца

Новогодишни класични концерти за деца

plamenka trajkovska

Во духот на новогодишната и божиќната атмосфера, денеска во Салон 19.19 во КИЦ (Културно информативен центар) во 18 и 19.30 часот ќе се одржат два несекојдневни и незаборавни концерти на класична музика наменет за деца.

Концертите се насловени „Музика и танц“ и нивната цел е доближување на класичната музика до децата. Организатор на овие концерти е Пламенка Трајковска, академски музичар и виолинист со долгодишно искуство која заедно со својот квартет и Дедо Мраз ќе се погрижат децата уште од најмала возраст да се запознаат со делата на великаните на класичната музика од барокот па се до денешен ден.

На концертот ќе бидат изведени дела од Бокерини, Моцарт, Штраус, Шуберт и Офенбах, а децата покрај тоа што ќе уживаат во прекрасните менуети, валцери и танго композиции, тие ќе бидат поканети да научат да танцуваат кан-кан.

На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилеска на виола и Маја Михајловска на виолончело.

Ова е одлична и една од ретките прилики на која децата можат да ја осетат убавината на класичната музика преку камерното музицирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП