19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАлантоинот го забавува стареењето

Алантоинот го забавува стареењето

stareenje 30045

Веќе е познато дека диетите со ограниченото внесување калории го забавуваат стареењето, а сега британските научници открија дека сличен ефект кај црвите има и вообичаената состојка од кремите за лице – алантоин.

Алантоинот, екстракт од растението гавез и состојка на многуте кремови против стареење, може да го продолжи животниот вид на некои видови црви за повеќе од 20 отсто, исто како што тоа може да го стори и диетите со ограничен внесување на калориите.

Кога таков лек би бил создаден за човекот, би можело да се забави часовникот кој го регулира генетското стареење и да се постигне просечно 20 отсто подолг животен век.

„Воочено е дека намаленото внесување на калории придонесува за човековото здравје, а иако е потребно дополнително истражување, нашето откритие може потенцијално да резултира со лекови за човечките болести поврзани со стареењето“, вели за Reuters Жоао Педро де Магалаеш, научник од универзитетот во Ливерпул.

„Покажавме дека супстанцата дејствува кај црвите, но потребни се истражувања врз модели од цицачи“, вели друг учесник во истражувањето, Шон Калверт.

„Следниот чекор е да се откријат механизмите со коишто алантоинот го продолжува животниот век, а доколку тоа може да се повтори кај човекот, тоа би значело дека можеме да ги откриеме начините како да живееме подолго“, вели Калверт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП