12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАStar Wars ја разбудија ‘силата’ кај скопските фанови

Star Wars ја разбудија ‘силата’ кај скопските фанови

Star_Wars

Претпремиера на филмот Star Wars The Force Awakens се одржа вчера вечер во киното Cineplexx.

Фановите на оваа филмска сага можеа да го погледнат новото продолжение на „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ два дена пред официјалната промоција во САД, а според првичните реакции, овој филм веројатно ќе собори многу рекорди на бокс офисите.

Приказната започнува 30 години подоцна, кога од урнатините на Империјата се појавува Новиот Поредок и мистериозниот Кајло Рен. Хан, Леа и Лук мора да ги здружат силите со младите надежи со цел да ја сопрат оваа закана за мирот на галаксијата.

Филмот од четврток е на редовниот репертоар во скопските кино сали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП