28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРаде Сиљан добитник на наградата за најдобра книга од странски автор на...

Раде Сиљан добитник на наградата за најдобра книга од странски автор на српски јазик

rade siljan 33002

Меѓународната награда „Арка”, која истоимената реномирана издавачка куќа од Смедерево ја доделува за најдобра книга од странски и најдобра книга од домашен автор објавена на српски јазик во текот на годината, годинава им припадна на истакнатиот македонски поет Раде Силјан и на Лаза Лазиќ.

На Раде Силјан, наградата му е доделена за изабраните и нови песни објавени на македонски и српски јазик „Огледало векова” / „Огледало на вековите” (избор и превод Ристо Василевски), а на доајенoт на современата српска поезија и врвен српски интелектуалец Лаза Лазиќ, за спевот „Клинесто писмо”.

Одлуката едногласно ја донесе меѓународната жири комисија што работеше во состав: Санде Стојчевски, истакнат македонски поет, критичар и есеист (Македонија) – претседател; акад. Елка Њаголова, претседателка на Словенската академија на литератури и уметности (Варна, Бугарија); акад. др Миќо Цвиетиќ и акад. Душан Стојковиќ (Србија) и акад. Ристо Василевски, директор на ИК „Арка” – членови.

Меѓу досегашите добитници на ова мошне угледно меѓународно признание што се доделува од 2003 година се наоѓаат и такви книжевни имиња какви што се: Миодраг Павловиќ, Љубомир Левчев, Томаж Шаламун, Георге Шварц, Еуген Урикару, Николај Петев, Стефани Сенар, Јован Зивлак, Ранко Рисоевиќ, Радомир Андриќ, Адам Пуслојиќ, Стеван Тонтиќ, Душко Новаковиќ… Од македонските поети и писатели, кои што во соседна Србија уживаат мошне голем углед. Лауреати  се академиците Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, поетот Санде Стојчевски и драмскиот писател и романсиер Јордан Плевнеш.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечаноста што ќе се одржи во среда, на 16 декември, во 12 часот, во Здружението на писатели на Србија (УКС), кога ќе бидат промовирани и нивните книги. За наградените книги ќе беседат членовите на жири комисијата, академиците мр Душан Стојковиќ и др Миќо Цвиетиќ, а наградите ќе ги врачи директорот на книгоиздателството „Арка”, акад. Ристо Василевски.

Во својата одлука, жири комисијата меѓу другото истакнува дека: „Перманентно, од првата до последната книга, во поетската орбита на Раде Силјан има некои битни феномени на човекот и на светот, со универзална категорија и поими, теми и мотиви, кои доследно и моќно имагинативно ги надградува, поетско-филозофски ги промислува и ги формулира”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП