На Волстрит во среда цените на акциите паднаа трет ден по рад, бидејќи вложувачите се загрижени за забавувањето на растот на глобалната економија, во прв ред на кинеската.
Индексот Dow Jones ослаби за 0,43 отсто, на 17.492 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,77 проценти, на 2.047 поени, а индексот Nasdaq за 1,48 отсто, на 5.022 поени.
На почетокот од утринското тргување во средата цените на акциите на Волстрит значително пораснаа, благодарејќи на закрепувањето на цените на нафатат, откако беше објавено дека резервите од енергенсот во САД се намалиле минатата седмица. Меѓутоа, набрзо цената на нафатат повторно се најде под притисок, бидејќи вложувачите беа загрижени од растот на резервите на дериватите, па на американскиот пазар се лизна за 35 центи, на 37,15 долари, недалеку од најниските нивоа во последните речиси седум години.
Поради тоа, цените на акциите во енергетскиот сектор загубија дел од почетните добивки, па индексот S&P на овој сектор ја намали добивката на 1,3 отсто. Од десетте сектори на S&P 500 индексот, седум во средата забележаа пад, а најмногу, за 3,1 процента, скокна рударскиот сектор. Тоа е благодарение на силниот скок, за речиси 12. Отсто, на цените на акциите на „Dow Chemical“ и „DuPont“, по вестите дека двете компании преговараат за спојување, со што би настанал глобален гигант во хемиската индустрија, со годишни приходи поголеми од 90 милијарди долари.
Меѓутоа, и покрај тоа најважните берзански индекси во средата паднаа. Во фокусот на инвеститорите е најмногу Кина, бидејќи слабоста на овој најголем светски потрошувач на сировини негативно влијае врз цените на нафтата и на индустриските метали.
Откако на почетокот од седмицата беше објавено дека кинескиот увоз во ноември паднал тринаесетти а извозот петти месец по ред, во четвртокот следеа нови податоци коишто укажуваат на забавувањето на растот на втората светска економија. Во Кина производствените цени во ноември продолжија да паѓаат, што е еден од сигналите дека меките на тамошните власти сé уште не довеле до пресврт во трендовите. Потрошувачките цени, пак, благо пораснале, но натаму значително под посакуваното од владата ниво од 3 отсто.
На пазарите владее претпазливост и поради очекувањата дека следната седмица американската централна банка ќе донесе одлука за првото зголемување на каматните стапки од 2006 година. Иако, американската економија стабилно расте и иако централната банка веќе подолго време го најавува тој потег, вложувачите, сепак, се воздржани.