19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Анастасија Грговска во Куманово

Концерт на Анастасија Грговска во Куманово

anastasija

Денес, со почеток во 19.30 ч. во малата сала на НУ Центар за култура – Куманово концерт ќе одржи пијанистката Анастасија Грговска. 

Гостин на концертот ќе биде гитаристот Оскар Ереш.

На програмата се дела на Шуман, В.Николовски, Х.В. Лобос и Ц. Френк.

Анастасија Грговска е родена 1995 год. во Куманово. Основното музичко образование го започнува во класата на својот татко, проф. Драган Грговски. Средното образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, во класата на проф. Славица Мицовска. Студент е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска.

Бележи учества на фестивали како Охридско лето, Есенски Музички Свечености. Настапува како солист со оркестарот при ДМБУЦ Илија Николовски – Луј, Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар на град Перник, Бугарија. Брои многу учества и награди на државни и меѓународни натпревари.

Оскар Ереш е роден 1994 год. во Белград. Своето музичко образование го започнува во класата на проф. Милан Дујмовиц. Образованието го продолжува во средното музичко училиште Јован Бандур, Панцево, во класата на проф. Ана Илиќ. Моментално е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Дарко Багески.
Настапува на концерти и натпревари на кои бележи големи успеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП