7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХит комедијата „Ни ваму ни таму“ во велешкиот театар

Хит комедијата „Ни ваму ни таму“ во велешкиот театар

hit-komedija

Денес, на големата сцена на театар „Џинот“ Велес со почеток во 20 часот, а во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата“ ќе биде изведена хит комедијата „Ни ваму ни таму“ на авторите Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски Упа. 

Претставата е во продукција на „Видик“, а во неа настапуваат актерите Љупчо Тодоровски Упа, Симеон Дамевски и Никола Кумев.

„Ни ваму ни таму“ е комедија за обични луѓе. Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“.

Билетите за претставата се веќе во продажба по цена од 100 денари на билетраницата на театарот, секој работен ден од 10-14 и 18-20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП