4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономското чудо во Германија ќе го стартуваат мигрантите?

Економското чудо во Германија ќе го стартуваат мигрантите?

germanski znaminja2

Мигрантите се голема можност за Германија и би можеле да бидат „моторот“ во следното германско економско чудо, вели Дитер Цетче, извршниот директор на компанијата „Дајмлер“.

Тој го поздрави доаѓањето на избеглиците во Германија, и додаде дека мигрантската криза ќе има позитивно влијание на европските компании, пренесуваат медиумите.

Цетче ја поддржа изградбата на станови за мигрантите, им понуди работа на висококвалификуваните работници во „Дајмлер“, кој произведува автомобили на брендот „Мерцедес-Бенц“, а на неквалификуваните им понуди образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП