28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Санкциите нема скоро да бидат укинати

Путин: Санкциите нема скоро да бидат укинати

putin11

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на традиционалното годишно одговарање на прашањата на граѓаните во ткн „Директна линија“ емитувана во живо во четвртокот на три руски телевизиски и радио канали рече дека не очекува дека санкциите што Западот ги воведе против Русија поради нејзината наводна улога во кризата во Украина, а притоа се осврна и на ситуацијата во Украина, односите со Западот.

„Кога станува збор за санкциите, одржавме состанок со претприемачите и реков дека санкциите нема наскоро да бидат укинати, бидејќи тоа е исполитизирано прашање. Мораме да ја искористиме оваа ситуација за да достигнеме ново ниво на развојот“, рече рускиот претседател Владимир Путин.

Смета дека санкциите против Русија „не се многу ефикасни“ и дека да се врши притисок врз неа преку санкциите е „бескорисно и бесмислено“, како и дека е потребно да се изнајдат компромиси.

На прашањето дали тие би можеле да останат на сила подолг период, на пример со децении, како во случај на некои други земји, Путин одговори дека Русија не може да биде споредена со другите земји. „Русија не е Иран. Руската економија е далеку поголема и далеку поразновидна, и ние не водиме таква политика во областа на енергетиката каква што има иранската економија“, појасни рускиот претседател.

Говорејќи за економската ситуација во Русија, Путин рече дека приходите опаднале поради инфлацијата. „Голем е притисокот врз рубљата. Тоа зависи од цените на нафтата. За жал, нашата економија е многу зависна од нафтата и тешко е тоа да биде променето. Многу нешта зависат од нас. Најважно е да ги користиме софистицираните начините на управување“, рече.

Путин тврди дека руската економија заздравува и дека постојат основните услови за натамошен раст. „Руската економија ќе се опорави за околу две години, можеби дури и побрзо. Рубљата зајакна, така што не можете да кажете дека не е сторено ништо. Ги повикувам сите да бидат стрпливи. Владата тргна по вистинскиот пат напред“, смета рускиот челник. Според него, Русија го преживеала врвот на проблемите, и покрај нивното постоење инфлацијата е пониска отколку во еврозоната.

Запрашан за договорот за испораката на ракетните противвоздушни системи С-300 на Иран и разговорите на шесте светски сили за нуклеарната програма на Техеран, Путин потсети дека тој договор е потпишан уште во 2007 година и дека во 2010 година тогашниот руски претседател, сега премиер, Дмитриј Медведев, го суспендираше во врска со меѓународните санкции поради иранската нуклеарна програма.

Путин истакна дека одлуката за обновување на тој договор е донесена поради волјата и флексибилноста на Иран да изнајде компромисно решение со Западот во врска со својата нуклеарна програма. „Денес има јасен знак дека иранските партнери имаат волја да најдат компромиси за нуклеарното прашање. Сите страни потврдија дека договорот ќе биде постигнат и затоа ја донесов таа одлука. Можеби нашите колеги не се запознаени со фактот дека санкциите на ОН не ја вклучуваат воената опрема“, подвлече Путин. Притоа повторно истакна дека испорака на системите С-300 на Иран „апсолутно не го загрозува Израел“. Станува збор инаку, за одбранбени ракетни системи.

Говорејќи за ситуацијата во Украина, изјави дека властите во Киев „со својата рака го отсекува од себе Донбас, и во тоа е проблемот“. Рече, исто така, дека сегашното украинско раководство прави многу грешки, но и дека тоа е нивниот избор.

Запрашан за наводното присуство на руски војници во Украина, Путин одговори „Нема руски војници во Украина. Началникот на Генералштабот на украинската армија самиот тоа отворено го потврди“.

Путин смета дека украинскиот претседател Петро Порошенко имал можноста да искористи мирни методи за решение на кризата откако беше избран на должноста. „Барав од него да не ги обновува непријателствата, но тој сепак го стори тоа. Тоа е огромна грешка“, порача.

Рускиот претседател кажа дека во меѓународните прашања не се води симпатиите и антипатиите, туку од интересите на државата. „Ситуацијата сега е во ќорсокак. Постои само еден излез, придржување на договорот од Минск, на уставната реформа. Ние можеме да го изразиме нашето мислење и очекуваме дека сите наши партнери ќе ги спроведат договорите од Минск. Политичката ситуација може да се промени, но таму секогаш ќе има луѓе. Не правам разлика меѓу Украинците и Русите, тие во основа се ист народ“.

Истакна дека Русија е заинтересиран за излегување на украинската економија од кризата, како и дека Москва му излегува во пресрет на Киев кога станува збор за гасот и јагленот.

Путин, исто така, рече дека Русија од прозападните власти во Киев не очекува ништо, освен една работа – да ја третираат како рамноправен партнер и, секако, да ги почитуваат правата на етничките Руси. „Повторувам, заинтересирани сме за нормализација на односите со Украина и ќе сториме сé што можеме да тоа да го оствариме“, категоричен беше рускиот претседател.

Според Путин, во Украина се случило замор на граѓаните од сиромаштијата, измамите, проневерите, корупцијата, а кога луѓето ќе се најдат во таква ситуација се обидуваат да го пронајдат излезот. Украинските националисти ја искористија таа ситуација, смета Путин.

Одбивањето да ги испорача платените носачи на хеликоптери „Мистрал“ од страна на Франција, нема да ги поткопа одбранбените способности на Русија, тврди претседателот.

Путин порача дека Русија ќе го почитува изборот на секој политички челник и држава во врска дали ќе присуствуваат на парадата на 70-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна во Москва, но за него јасно е дека врз одлуките на многумина влијае „вашингтонскиот реонски комитет“.

„Тоа е изборот на секој политички функционер посебно. Некој не сака да дојде, а некому тоа не му го дозволува вашингтонскиот реонски комитет“, рече Путин, алудирајќи во прв ред на чешкиот претседател Милош Земан кој по силните надворешни и внатрешни притисоци претходно седмицава изјави дека на 9-ти мај ќе присуствува во Москва, но дека се откажува од учеството во делегациите коишто ќе ја следат воената парада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП