9 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 27-28.04.2024

Викенд хороскоп 27-28.04.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Имате голема амбиција и надежи дека некој нов план ќе ви донесе поголем финансиски приход. Доколку сте невработени, можно е да добиете понуда за работа на одредено време. Внимавајте, не внесувајте премногу калорични намирници.

Бик (21.04 – 21.05)

Доколку веќе некое време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, викендов е вистинскиот момент за тоа. Кажете му го вашето мислење за се, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете си во своја кожа, не правете се друга личност.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината поминувајќи низ вашето поле за амбиција ќе ви донесе многу нови можности. Доколку не успеавте да ги регулирате односите со деловните партнери, немојте многу да се експонирате. Неверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни.

Рак (22.06 – 22.07)

Викендов ќе се чувствувате малку растревожено поради некое несогласување со партнерот. Потрудете се да гледате на позитивната страна и извлечете го најдоброто од ситуацијата. Престанете да размислувате дека блиските лица ви кројат нешто зад грб.

Лав (23.07 – 22.08)

Внимавајте на расходите и не дозволувајте тие да ги надминат приходите. Ако играте игри на среќа, денес ве очекува добивка. Партнерот моментално не ви прави проблеми, но тоа не значи дека треба да го запоставувате.

Девица (23.08 – 22.09)

Викендов ви претстои разговор со една личност која во иднина може да ви обезбеди поголеми приходи. Ветувањето што ќе го добиете нема да може да се реализира веднаш, но очекувајте позитивен резултат. Обидете се да не ги споделувате своите размислувања со партнерот. Тој е деструктивен и ве кочи во напредокот.

Вага (23.09 – 22.10)

Дозволете да ве понесе романтикатата и препуштете им се на страстите. Подгответе му вкусна вечера на вашиот парнер, а тој ќе биде изненаден од оваа позитивна промена. На професионално поле очекувајте видни подобрувања во текот на наредната недела.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не дозволувајте неколку ситни проблеми да ве растревожат. Фокусирајте се на позитивни работи и мислете на она што ви причинува задоволство. Очекувајте повик од личност од минатото. Односите со семејството ви се заладуваат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни.

Јарец (22.12 – 20.01)

Викендов ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Водолија (21.01 – 19.02)

Искористете го краткиот период викендов за да излезете надвор од градот и да ги наполните батериите. Се уште не сте во фаза кога ве интересираат нови врски, но време е да размислите.

Риби (20.02 – 20.03)

Финансиската ситуација ви е добра и викендов ќе правите планови за вложување во домот. Ако сте вработени, можно е да дојде до некои промени кои ќе ве изненадат. Можеби на прв поглед ситуацијата ќе ви делува стресно, но подоцна ќе сфатите дека е во ваша корист.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП