10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВизијата на „Volkswagen“ за иднината: „ID.Code Concept“ (ФОТО)

Визијата на „Volkswagen“ за иднината: „ID.Code Concept“ (ФОТО)

Германскиот производител на саемот за автомобили во Кина ја претстави визијата за утрешниот теренец.

Веднаш се забележува дека пропорциите и линиите се поелегантни и похармонични од актуелните „SUV“ модели на овој производител.

Интересно е и тоа што концептот нема инструмент табла во традиционална смисла. Оваа функција ја изведува „head-up“ дисплејот со зголемена реалност, кој, на пример, виртуелно проектира стрелки од системот за навигација директно на патот.

Екраните се контролираат со допир, глас и гестови.

Концептот на осветлување е особено интересен. „VW ID.Code“ е дизајниран да комуницира со другите учесници во сообраќајот. Концептот се состои од 3D светлосна лента на предниот дел на возилото и таканаречените „3Д очи“ од страната.

Во одредени ситуации, овие „3Д очи“ симулираат вистински очи. На пример, тие ве гледаат кога се приближувате до автомобилот или се движите лево-десно ако вози целосно автономно (ниво 4).

Системот за осветлување може дури и да им се заблагодари на другите учесници во сообраќајот со формирање на „срце“.

Истиот сет на LED диоди се повторува и на задниот дел на возилото. Тука може да се прикажат и срцата како благодарност.

Во внатрешноста, страничните прозорци и шофершајбната на совозачката страна може да се користат како екран. На пример, таму ќе се проектира карта за навигација или моменталниот статус на батеријата.

Сместен на таблата со инструменти, малку закривен екран поминува низ целата ширина под шофершајбната. Како тоа да не е доволно, има и дисплеј помеѓу предните седишта.

Овој екран може да се одвои од централната конзола и, како и „Tesla“, да се ориентира вертикално.

Фрижидерот е скриен во лизгачката централна конзола, а предните седишта можат да се ротираат за полесно влегување и излегување од автомобилот.

„VW“ ќе ги изненади патниците со уште една необична содржина. Теренецот доаѓа со вакум робот наречен Лупо. Работи во таканаречениот „хигиенски режим“ и заедно со УВ светлина и филтри со антибактериска обвивка го прочистува воздухот во автомобилот кога нема никој внатре.

Германскиот производител сѐ уште го остава отворено прашањето кога ќе пристигне сериската верзија на овој теренец.

Сепак, треба да се нагласи дека концептот е развиен специјално за кинескиот пазар и сѐ уште не е познато дали серискиот модел некогаш ќе се нуди во Европа.

ав

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП