19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов протест на хонорарците

Нов протест на хонорарците

protest honora!!!

Протест денеска ќе одржат хонорарците за да го искажат своето незадоволство од усвоените измени на законите за придонеси за хонорарна работа.

Организаторите на протестот соопштуваат дека остануваат на своите барања од 12-ти декември, од кои најглавното е за целосно повлекување на овие измени на законот.

Собранието, на предлог на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во средата изгласа дополнета верзија на овој закон, со цел да се поправат некои работи од првата верзија.

Хонорарците сметаат дека тоа не е доволно и дека законот треба целосно да се повлече.

Според најавите, протестот треба да започне попладне пред Собранието, а потоа незадоволните ќе се упатат кон Владата, по што ќе завршат во капмусот на УКИМ, каде ќе им изразат поддршка на студентите и нивната слободна зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП