26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈајцата се здрави и корисни за вашето здравје

Јајцата се здрави и корисни за вашето здравје

tumblr_m9krxf96GN1qdei8m

Порано, мислењата на научниците во однос на јајцата се менувале и често ги прогласувале за здрави или штетни. Сега со сигурност се знае дека јадењето на јајца е здрава навика и доброто термички обработено јајце е носител на многу корисни состојки.

Во најновото истражување спорведено за да се испита составот и влијанието на јајцата за човековото здравје, се истакнува дека јајцето нема голема улога во покачување на холестеролот во крвта како што се мислеше претходно, па затоа е безбедно за употреба било како и да е приготвено. Единствено што треба да внимавате е да биде добро термички обработено, односно пиењето на живо јајце или недоволно термички обработено носи ризик од бактериски заболувања.

Јајцето е богато со многу хранливи состојки меѓу кои е лутеинот, кој заедно со уште неколку други состојки влијае во одржување на здравјето на очите, го подобрува видот и спречува развој на очни болести предизвикани од староста, но исто така има голем удел во превенција од развој на катаракта.

Освен лутеин, јајцето е богато и со витамин Б12, кој има важна улога во превенција од срцеви и васкуларни болести како и од специфичен вид на анемии. Витаминот Д, кој исто така го има во изобилство во јајцето е одличен чувар на ноктите и кожата и ја спречува остеопорозата на која најголема склоност имаат жените.

Јајцето содржи и холин, важна супстанца за развојот на мозокот, па затоа јајцето треба редовно да биде дел од оброците на младите. Освен ова, јајцето е богато и со калциум кој дури 90 проценти се апсорбира во дигестивниот тракт, што укажува дека јајцето е одличен чувар на здравјето на коските.

Освен набројаните состојки, јајцето содржи во себе и минерали, цинк, железо и многу други кои играат улога во многу физиолошки процеси во организмот. Тие ги чуваат коските, очите, косата, ноктите, мозокот, нервите, и затоа научниците со право јајцето го нарекуваат суперздрава прехранбена намирница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП