26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИЗа побрзо да ослабите треба да знаете во кој период од денот...

За побрзо да ослабите треба да знаете во кој период од денот треба да јадете

Компанијата „Forza Supplements“ ги анализираше податоците од лицата кои драстично ослабеле со цел да истражи во кој период од денот треба да појадувате, кога треба да ручате и вечерате доколку сакате брзо и ефикасно да ослабите…

Компанијата, која ги анализираше податоците за лицата кои исклучително брзо ослабеле, открива дека тие освен што внимавале што внесуваат во организмот, исто така, воделе сметка и за тоа во колку саат јадат.

Врз основа на ова истражување откриено е дека најдоброто време за појадок е околу 7 часот наутро, ручекот се препорачува меѓу 12 и 30 и 13 часот, а вечерата меѓу 18 и 18 и 30.

Три четвртини од лицата кои учествувале во ова истражување изјавиле дека при слабеењето им помогнало тоа што имале лесен ручек, а меѓуоброкот не го избегнувале.

Истражувањето покажа дека најкритичните часови за диетата се меѓу 18 и 22 часот, кога е најтешко да издржите без храна и лицата кои биле на диета во овој период од денот најтешко им одолевале на искушенијата.

Ова истражување всушност ја потврдува изреката: појадокот изедете го сами, ручекот поделете го со пријателите, а вечерата подарете му ја непријателот.

Всушност, решението не е во избегнувањето на вечерата, туку во тоа да ја изедете минимум три часа пред да си легнете, а доколку можете и порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП