6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХан ќе се залага за балканска економска зона со поевтин роаминг

Хан ќе се залага за балканска економска зона со поевтин роаминг

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, очекува политички договор меѓу премиерите на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија за формирање регионален економски пазар во Западен Балкан, кога шестте премиери и претставници на ЕУ ќе се состанат во италијанскиот град Трст на 12 јули.

Во изјавата за група новинари во Брисел Хан изјавиле дека целта на оваа новопредложена регионална економска област е да се овозможи слободен проток на стоки, услуги, но, исто така, да има взаемно признавање на сертификатите , особено професионалните.Хан, исто така, изјави дека во Трст ќе се договара “поинтегриран дигитален пазар, на пример, кога станува збор за намалување на роаминг тарифите.”

Хан изрази надеж дека лидерите ќе покажат доволно политичка волја за да се постигне функционален регионалниот пазар следната година. Оваа идеја за првпат беше ставена на маса на состанокот на лидерите на шестте земји во март во Сараево. Таа беше дочекана со млака реакција од Црна Гора и Косово, кои стравуваат дека пазарот на Западен Балкан ќе ги намали шансите на земјите еден ден да се приклучат на единствениот пазар на ЕУ.

Сите шест земји се или кандидати или потенцијални кандидати за ЕУ, но не се очекува да се приклучат на Унијата оваа деценија. Преставници на ЕУ оценија дека земјите од Западен Балкан вака ќе се подготват подобро за интегрирање во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП