19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворени за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце

Затворени за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце

sneg-pat3

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од Македонија пат.

На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема.

Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

На патниот правец Маврово – Дебар сѐ уште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

Од 08:50 часот укината е забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП