6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечна месечна исплатена плата за септември изнесува 22.191 денари

Просечна месечна исплатена плата за септември изнесува 22.191 денари

denari-isplata

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2016 година, во однос на 2015 година изнесува 101,0.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво 9,6 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство 7,2 отсто и Информации и комуникации 5,5 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите : Рударство и вадење камен 3,3 отсто, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 2,6 отсто и Административни и помошни услужни дејности 1,9 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2016 година изнесува 32.640 денари, а просечната нето-плата по вработен за септември 2016 година изнесува 22.191 денари.

Во септември 2016 година само 1,2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП