6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: Изборот на Трамп ја зголемува несигурноста на глобално ниво

Fitch: Изборот на Трамп ја зголемува несигурноста на глобално ниво

rojtes-tramp33

Изборот на Доналд Трамп за претседател на САД ја зголемува несигурноста во светот, пишува во својот извештај „Fitch“, пренесува „Reuters“.

Според агенцијата победата на претседателските избори на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и нејаснотијата околу понатамошната политика на САД, автоматски предизвикува различен степен на несигурност за многу земји.

Аналитичарите на „Fitch“ посочуваат дека променетата политика на САД може да има последици на глобално ниво со оглед на фактот дека земјата е голема економија во светот, која има дипломатската и воената моќ.

Феноменот „Трамп“ може да ја зајакне поддршката за европските политички лидери и партии надвор од традиционалните центарно-лево и центарно-десно во политичкиот простор. Како одговор, главните партии можат да го забрзаат олабавувањето на фискалната позиција или да се откажат од структурната економска реформа.

Се уште не е јасно и како реториката на новоизбраниот американски претседател во кампањата ќе биде трансформирана во неговата политика, но барањето за преиспитување на трговските договори ќе имаат значително влијание.

Поконкретно плановите на Трамп за ревизија на „NAFTA“ ќе има директни последици за Канада и Мексико, а промената на политиката кон трговскиот протекционизам за возврат ќе има значајно влијание врз економијата на Кина и други земји од Азија.

Ако администрацијата на Белата куќа преземе агресивна царинска политика кон Кина, може да се очекуваат и контрамерки, а тоа го става под ризик економскиот раст и инфлацијата и во двете држави, забележуваат уште од агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП