6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската влада станува поголем оптимист за економијата

Германската влада станува поголем оптимист за економијата

germ-vlada-procenki

Германската влада ја зголеми малку прогнозата за економскиот раст за оваа година. Сега се очекува бруто домашниот производ да порасне за 1,8%, а не за 1,7 отсто, какви што беа прогнозите од пролетта, соопштија од Сојузното министерство за економија. Прогнозата за 2017-та година сепак е намалена од 1,5% до 1,4%. За 2018-та година се очекува раст од 1,6%.

„Подемот во економијата на Германија е солиден“, изјави министерот за економија Зигмар Габриел. Таа (економијата) се брани себеси во многу тешка средина, смета Габриел. „Глобалната конјунктура продолжува да не се справува добро, а кон тоа се додаваат и ефектите на „Brexit“ кои не можат да бидат во широк спектар. Неувереноста се зголеми“, смета министерот.

И покрај мачната светска економија, пазарот на труд во земјата го продолжува својот позитивен развој. Во 2018-та година во Германија ќе се зафатени 44,3 милиони лица. Тоа е за 1,3 милиони повеќе отколку во 2015-та година. Бројот на невработените истовремено ќе опадне за околу 160.000 или 2,63 милиони.

„Во позадина на имиграцијата тоа не се подразбира“, рече Габриел, кој е и лидер на централно-левичарската Социјалдемократска партија (SPD).

Предвидувајќи го овој развој, Владата очекува дека приватната потрошувачка ќе остане еден од столбовите на подемот. Исто така и од страна на инвестициите во градежниот сектор пристигнуваат силни импулси.

„Ниските каматни стапки, силна побарувачката на станови и зголемувањето на јавните инвестиции се главните двигатели на растот“, појаснуваат од Министерството.

Од друга страна, извозот веројатно ќе расте побавно во 2018-та година, отколку увозот.

„Слабиот развој на светската економија не е идеална средина за инвестициите на извозно ориентираните компании во Германија“, вели министерството.

Следната година дури повеќето од компаниите најверојатно повторно ќе почнат да вложуваат значително повеќе пари во машини и друга опрема.

За основа за владините проекции служат есенските извештаи на водечките истражувачки институти. Тие очекуваат за 2016-та година раст од 1,9%, кој се очекува во 2017-та година да се намали до 1,4 отсто. Прогнозите на федералната влада од своја страна служат за база на работната група „даночни проценки“ за нејзините пресметки. На нив за возврат се потпираат државата, провинциите, општините и социјалното осигурување при изготвување на буџети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП