Рејтинг агенцијата „Standard & Poor’s“ го потврди државниот рејтинг на Грција на „CCC +“ со стабилни изгледи.
„S&P“ исто така, предупреди дека предвремените избори во Грција на 20-ти септември најверојатно ќе ја забават исплатата на следната транша од Европскиот фонд за финансиска стабилност.
Агенцијата предвидува дека грчката економија оваа година ќе се намали за 3%, што ја става меѓу најслабите 130 држави, за кои „S&P“ подготви рејтинг.
„Иако грчката економија останува кревка и резултатот од изборите на 20-ти септември е несигурен, мислиме дека ризикот Грција да излезе од еврозоната е намален“, посочуваат уште од „S&P“.