Индустриското производство во Шпанија во месец март порасна за 2,9 проценти на годишно ниво, корегиранo од сезонските варијации, соопшти статистичкиот завод Ине.
Индустриското производство во март забележа поголем раст отколку во месец февруари (0,9 проценти) и јануари (0,5 проценти).
Производството на стока за широка потрошувачка во месец март во Шпанија пораснало за 3,6 проценти, на полупроизводите за 4,3 проценти, на опремата за 1,3 проценти и на енергијата за 2,2 проценти, пренесува агенцијата АФП.