18 април, 2025
ПочетнаСВЕТМарк Руте е новиот генерален секретар на НАТО

Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на алијансата се согласија тој да го наследи Јенс Столтенберг, пишува Politico.

По поддршката од Унгарија и Словачка, Романија денеска потврди и дека ќе гласа за Руте. Романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО.

За време на состанокот на Врховниот совет за национална одбрана, Јоханис рече дека ги информирал сојузниците во НАТО за повлекување на неговата кандидатура. Политико истакнува дека Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња.

„Мислам дека е јасно дека сме блиску до заклучок во алијансата, дека сојузниците ќе го изберат следниот генерален секретар. Мислам дека тоа е добра вест“, рече Столтенберг во вторникот во Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП