Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека изградбата на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Србија не е можна.
Николиќ смета дека поради тоа Србија од тој правец нема да добива гас.
„Мислам дека реализацијаа на „Турски тек“ (на територијата на Србија) е невозможна и од тој правец нема да добиваме гас“, изјави Николиќ во интервјуто за агенцијата Интерфакс.
Руската агенција потсетува дека српскиот амбасадор во Русија, Славенко Терзиќ, претходно изјави дека откажувањето од „Јужен тек“ и новиот договор за „Турскиот тек“ на Србија и ја отежнало ситуацијата во областа на енергетиката.
Претседателот на Србија изјави дека Србија се противи на воведувањето на санкциите за Русија, но дека кога ќе стане членка на ЕУ, Србија ќе биде принудена да ја следи заедничката политика на Унијата.
„Ние пред сите европски официјални претставници изјавивме дека засега не се сложуваме со воведувањето на санкциите за Русија, но кога ќе станеме членка на ЕУ, ќе бидеме задолжени да водиме заедничка надворешна политика“, изјави претседателот.
По повод тензиите Србија да стане членка на ЕУ, Николиќ истакна дека за тоа во моментов поголема препрека е Косово отколку соработката со Русија.