6 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГЕЈТС НАПРАВИ ПЛАН ЗА КРАЈ: Еве како ќе го потроши своето богатство,...

ГЕЈТС НАПРАВИ ПЛАН ЗА КРАЈ: Еве како ќе го потроши своето богатство, на децата им остава само бакшиш

Ко-основачот на компанијата Microsoft пред две години изјави дека ќе се пресели надолу на листата на најбогати бидејќи планира да го донира речиси целото свое богатство преку својата фондација Бил и Мелинда.

Според проценките на американскиот деловен медиум Bloomberg, неговото богатство вреди 153 милијарди долари. Делумно се знае на што ги потрошил парите, a тоа e:

-Имот во Вашингтон вреден 183,5 милиони долари;

-Авион Bombardier BD-700 Global Express за 19 лица;

-Колекција на автомобили, која вклучува Порше 959; Всушност, неговиот прв автомобил по основањето на Мајкрософт, во 1979 година, исто така беше Порше, но тогаш тоа беше познатиот 911 што подоцна го продаде на аукција за 80.000 долари;

-Неколку имоти, вклучително и еден во американскиот национален парк Јелоустоун за кој платил девет милиони долари;

-Суперјахтата Серена е долга речиси 134 метри. Изнајмувањето на овој брод со хелиодром чини пет милиони долари неделно. Помеѓу другите, тој ја посети и Хрватска со оваа јахта;

-Тој потроши десетици милиони долари за хуманитарни цели.

Гејтс истакна дека на секое од трите негови деца ќе остави по десет милиони долари во наследство.

Освен по хуманитарната работа, тој е препознатлив и како страстен љубител на тенисот, пренесува Business Insider.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП