Тајландското Министерството за здравство пронајде начин како да ги шокира пушачите.
Новата кампања чија цел е да ги поттикне луѓето да ги остават цигарите е навистина застрашувачка.
Видеото кое овие денови се емитува на локалните телевизии прикажува црна течност која потсетува на мастило и со која е испишано „Овозможете им на вашите бели дробови повторно да дишат“.
Црната течност од видеото буквално е направена од белите дробови на мртвите пушачи, кои ги донирале белите дробови за научни цели.
„Мастилото од црните бели дробови“ потоа било флаширано и делено на јавните места, а уметниците и калиграфи на неколку јавни настапи создавале слики и пораки кои ги инспирираат луѓето да ги остават цигарите.