Шведскиот скијач Јон Олсон, шампион од екстремните игри „X-Games 2008“, го претстави личниот караван „RS6“ што е преработени во стилот на автомобилите од сериите „DTM“. Моќноста на машината е 950 КС, но ако користи специјално гориво, моторот може да развие над 1000 КС.
Олсон откри дека секогаш му се допаѓале автомобилите од сериите „DTM“ и затоа сличен проект подолго време бил во неговите планови. Главната карактеристика на „RS6“ е карбон каросеријата, која ја користат и автомобилите во шампионатот на Германија за туристички автомобили.
Таа е направена од компанијата „Caresto“, предводена од поранешниот главен инженер на брендот „Koenigsegg“ – Леиф Турвенсон. Самиот материјал е купен лично од Олсон од фабриката за производство на материјали за автомобилите „Pagani“.
Со доработка на агрегатот се занимавале експертите од работилницата „Stertman Motorsport“. Тие поставиле на „V8“ моторот со зафатнина од 4,0 литри и моќност од 560 КС специјален чип-тунниг со 3 нивоа и ги замениле стандардните турбини, како и издувниот систем и суспензијата.
Дизајнот е дело на студиото „Wrapzone“ кое работи и врз возилото „Rebellion R2K“ со кое Олсон учествуваше минатата година во интерконтиненталното рели-маратон „Gumball 3000“. Со новата машина Швеѓанецот ќе учествува и во овогодинешната трка, која ќе започне на 23-ти мај во Стокхлом и ќе финишира на 30-ти мај во Лас Вегас (САД).