Диего Армандо Марадона е еден од најдобрите во историјата на фудбалот, ја одведе Аргентина до светската титула, но блескавата кариера му беше проткаена со неколку скандали, контроверзите ги продолжи и по завршувањето на кариерата, но со најновата глупост се надмина себеси.
Имено, славниот Аргентинец извршил пластична операција на лицето, по која речиси целосно му е сменет личниот опис.
54-годишниот Диего Марадона е во врска со 20 години помладата Росио и аргентинските медиуми шпекулираат дека токму поради девојката се решил да изврши пластична операција на лицето.