Италија се наоѓа под просекот во еврозоната како според трошоците за работната сила на час, така и според цената на работната сила на час, покажа извештајот на Заводот за статистика во Рим.
Заводот наведува дека трошоците за работната сила во Италија во 2012 година изнесувале 27,50 евра по час, во однос на просекот во монетарната унија од 28,40 евра на час, пренесува агенцијата АНСА.
Просечната бруто плата на час во Италија изнесува 19,9 евра во однос на 21,2 евра во еврозоната, додава Заводот, напоменувајќи дека од пресметките за Италија исклучени се податоците за платите во јавната управа и секторот за одбрана.