Момчето кое импресионираше во Купот на Кралот, го привлече вниманието на европските гиганти, кои сега се натпреваруваат за неговиот потпис.
Станува збор за Адама Траоре, 18-годишниот фудбалер на каталонскиот клуб кој на натпреварот против Хуеска го постигна својот прв погодок во сениорскиот тим.
Oвој играч импресионираше со својата сила, динамика и стабилност, атрибути кои ги забележа Брендан Роџерс.
Англиските медиуми сугерираат дека менаџерот на Ливерпул е сериозно заинтересиран за овој фудбалер, па и дека сака дури и да го позајми еден од најталентираните фудбалери од школата на Барселона.
Инаку за Траоре е заинтересиран и Вест Хем, кој има добра бизнис соработка со Каталонците.
Потенцијален проблем секако е желбата на самиот фудбалер кој е многу мотивиран во дресот на својот клуб.