30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвежаните ги имаат најдобрите пари во светот

Норвежаните ги имаат најдобрите пари во светот

140789412354363f64285c9168688182_orig

Норвешка по многу нешта е напредна и специфична земја, а наскоро од своите европски комшии ќе се разликува и по единствениот дизајн на банкнотите.

Централната норвешка банка на почетокот на годината распиша конкурс за дизајн на новите банкноти, а темата беше „море“.

Очекувано, Скандинавците ја потврдија својата репутација на фантастични дизајнери. Во последниот круг влегле осум тима, а жирито одлучило да ги комбинира предлозите на два кандидати, односно да искористи еден предлог за предната страна, а другиот, многу похрабар, за задната страна на банкнотите.

На лицето на норвешките круни ќе биде дизајнот на „Метрик систем“ и дизајнерот Терје Тенесен, кој е опишан како „отворен, светол и типично нордиски“, додека на опачината ќе се најде модерен пикселизиран дизајн на тимот „Снохета дизајн“.

140789412354363f64285c9168688182_orig

„Кога контрастите ќе се вклопат, кога мекото ќе го сретне острото, а дигиталното – аналогното, тогаш настанува динамика. Нашиот дизајн пред се претставува пиксели, кои се визуелен јазик на нашето време“, објаснува тој тим.

Инаку, интересно е дека стручното жири за победник прогласи сосема трет дизајнерски тим, но сепак одлучи на банкнотите кои ќе се употребуваат од 2017 година да не го искористи победничкиот дизајн. Меѓу кандидатите се истакна и дизајн на банкнотите со детски цртежи.

На прифатениот дизајн ќе продолжат да работат експерти за банкноти со цел тие да се обезбедат од фалсификување и да се подготват за употреба во банкомати.

Сите предлози, па и победничкиот, може да ги погледнете тука.

Општиот впечаток е дека Норвежаните, една од најбогатите нации во светот, ќе имаат навистина и најдобри пари во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП