Словенечкиот извоз во јули оваа година во споредба со јули минатата година, се зголемил за 5,3 проценти, додека увозот се намалил за 3,4 проценти, покажуваат најновите податоци на словенечкиот Завод за статистика.
Од Словенија во јули била извезена стока во вредност од 2,02 милијарди евра, а увезена била стока со вредност од 1,9 милијарди евра. Покриеноста на увозот со извозот била 104,2 проценти, а суфицитот во стоковата размена изнесувал 82 милиони евра.
Заводот за статистика на Словенија заклучи дека извозот во извештајниот период бил најголем од 1995 година.
Извезена е најголема стока од групата на лекови, а увезени се најмногу стоки од групата на нафтени масла и масла добиени од битуменозни материјали.