Префрлувањето на целосно нов мобилен оперативен систем за некои корисници може да претставува голем проблем.
Не е чудо дека во едукацијата се вклучи и „Microsoft“, кој со кратко упатство одлучи да го поедностави користењето на „Windows Phone“.
„Microsoft Windows Phone“ бавно пристигнува до поголем број на корисници. Според последните податоци на аналитичарите на „StatCounter“, овој оперативен систем освои дури 1.88 проценти удел на пазарот, но бројката расте од месец во месец.
„Microsoft“ штотуку објави видео и соодветен водич за користење на мобилната платформа „Windows Phone“ во верзијата „8.1.“.
Така може да се дознаат најосновните работи за користење на телефонот, од воспоставување на повици, испраќање SMS пораки на една или повеќе адреси, до управувње со контактите, начините за заклучување на уредот и многу други совети.
„Microsoft“ стартуваше и посебен дел на својата интернет страна со цел корисниците што полесно да научат како да ги користат сите компоненти на системот „Windows Phone“.
Посетете ја оваа адреса и подобро запознајте се со „Windows Phone 8.1“.
http://www.windowsphone.com/en-us/how-to/wp8/basics/get-started-with-windows-phone