Планирате патување но овој пат сакате да искусите нешто различно? Флајдубаи нуди совршена дестинација за вас. Со директните летови на Флајдубаи, дестинацијата од соништата, градот на сите чуда, Дубаи ви е на дофат.
Место кое…. ги отвора вратите за целиот свет!
Дали знаевте? Таму се наоѓа највисокиот облакодер на светот – Бурџ Калифа.
Што да правите? Има толку многу начини да го поминете вашиот одмор тука: можете да купувате до изнемоштеност, да сурфате на песочните дини, да јавате на бранови, да ги посетите плажите и многу други работи. Дубаи се смета дека е рај за шопинг со причина; тој е дом на голем број светски познати трговски центри, како и на реномираниот Дубаи Шопинг Фестивал. Дубаи исто така е дом на голем број на песочни плажи, но една од најубавите е Џумеира плажата. Градете замоци во песокот или посетете ги водените атракции или пак скокнете во џип за пустинско сафари, одиме!
Каде да се престојува: Дубаи нуди голем број на различни опции за сместување што опфаќаат лукзусни и импресивни објекти, совршени и за најмладите, поради забавниот дел што се нуди во нив.
Истовремено и тематски парк и хотел, Атлантис Палм хотелот е базиран на концептот на митски изгубен подводен град, каде исто така се наоѓа и водниот парк Aquaventure и Заливот на делфините, каде се дружите со овие загрозени цицачи. Алтернативно, повлечете се во светот на раскошната елеганција во Армани хотелот во Дубаи, првиот хотел на светот дизајниран и развиен од Џорџо Армани.
Каде да јадете: кулинарската сцена на Дубаи е една од најразновидните во светот. Луѓе од околу 180 националности живеат во Емиратите, така што може да јадете од било која кујна во светот.
Топ предлог: Доколку никогаш не сте скијале или пак ви е здодевно од излежување на плажа, зошто не би се упатиле кон најголемиот затворен ски-центар лоциран во Дубаи Трговскиот центар на Емиратите, за да земете неколку часови?
Како до Дубаи:Флајдубаи е најлесниот начин да си го овозможите ова луксузно бегство. Директниот лет Скопје-Дубаи, го прави сето ова многу лесно и евтино. Започнете го вашиот луксузен одмор со летот со најпристапниот авиопревозник, кој истовремено е и најудобен. Флајдубаи направи револуција во сместувањето на патниците, со подобрени стилски седишта и зголемена забава за време на летот.
Флајдубаи прави се поинаку и уште еднаш импресионира преку креирање на нови стандарди во искуствата со летовите. Системот за забава за време на летовите на Флајдубаи, со повеќе од 1000 часови нон-стоп забава ги вклучува последните остварувања, достапни во HD, од Холивуд и Боливуд, како и филмови на арапски и англиски. Електронскиот читач на Флајдубаи овозможува пристап до 53 дневни весници на седум јазици и ги вклучува водечките светски случувања на Wall Street Journal; International Herald Tribune и Asharq Al Awsat и сега е достапен и во бизнис и во економска класа. Флајдубаи го лансираше својот нов бренд идентитет на Арапскиот пазар за патувања во мај, отсликувајќи го духот на авиокомпанијата во овозможувањето на туризмот и трговијата. Еволуцијата на брендот е градена на доверба и конзистентност преку искуството на потрошувачите и зголемена со иновација на производите, која е видлива и во економската и во новата бизнис класа на Флајдубаи.