Британската компанија „Vodafonе“ во оваа година ќе отвори дури 150 нови продавници во кои ќе вработи 1.400 работници.
Инвестициите на оваа компанија во Велика Британија во 2014-та година ќе достигнат милијарда фунти, највеќе во историјата на „Vodafonе“, објави „BBС“.
Како што се наведува, парите делимично ќе бидат потрошени на зголемување на внатрешната и надворешната покриеност и превземањето на „2G“, „3G“ и „4G“ услугите до ниво од 98 проценти во Велика Британија.
Првата продавница ќе биде отворена во лондонскиот „Нотинг Хил“, а портпаролот на „Vodafonе“ вели дека компанијата верува во силен напредок во Велика Британија.