Грција денеска соопшти дека го дала под наем поранешниот атински аеродром во рамки на договорот вреден 915 милиони евра.
Владината агенција за приватизација наведува дека ја прифатила понудата на грчкиот конзорциум „Ламда дивелопмент“ да преземе целосна контрола врз комплексот на поранешниот аеродром „Хелиникон“ во близина на Атина, а должината на траењето не е објавена.
„Хелиникон“ е претворен во спортски комплекс за Олимписките игри од 2004 и се смета за еден од најатрактивните имоти во владина сопственост.
Аеродромот се наоѓа осум километри јужно од грчката престолнина и се простира на речиси 620 хектари.
Целиот комплекс е три пати поголем од Монако и два пати од лондонскиот Хајд парк.