Во Македонија минатата година имало вкупно 71.290 активни фирми, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Најмногу фирми има во секторот Трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли каде се регистрирани 25.429 компании, по што следува Преработувачката индустрија со 7.918 фирми.
Најмала застапеност има во секторите Рударство и вадење на камен со 164 субјекти и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти.
Гледано според бројот на вработени, најдоминатни се компаниите кои имаат вработено од еден до девет работници и на нив отпаѓаат 85 проценти од вкупниот број фирми. По нив следуваат фирмите со неутврден број на вработени, потоа фирмите со 10 до 19 вработени и фирмите со 20 до 29 вработени. Најмал е бројот на компании кои имаат од 50 до 249 вработени и компании со над 250 вработени.