„Google“ најверојатно работи на нова технологија која ќе овозможи брзина на интернет до 10 гигабајти во секунда.
Ова е значително побрзо од сегашниот сервис „Google Fiber“ кој изнесува 1 гигабајт во секунда.
Судејќи според Патрик Пишет, директорот за финансии во „Google“, наредната генерација на интернет е дел од мечтите на компанијата во „пошироката и долгорочна опсесија за брзината“.
Пишет наведе дека поголемата брзина ќе ја зголеми употребата на софтверот како сервис и тоа е нешто кон што светот се движи. Тој исто така изјави дека тоа може да се случи во следните 10 години, но зашто тоа „Google“ не го направи за три? И тоа е она што компанијата го прави.
„Google Fiber“, кој овозможува брзина на интернет од еден гигабајт во секунда, моментално е достапен само за жителите на Канзас Сити, но наскоро сервисот ќе биде проширен и во Остин и Тексас.